Home » Наскоро санација на мостот „Беласица“

Наскоро санација на мостот „Беласица“

by Журнал.мк

Екипите на ЕСМ го отстрануваат оштетениот топловод под опожарениот мост „Беласица“. Следна фаза е санацијата, вели професорот Гаревски. Тој уверува дека е направена стручна анализа за состојбата на мостот. Во неа учествувале 11 експерти, од кои тројца професори.

По изјавата на деканот на Градежниот факултет, професор Горан Марковски дека има деформација на мостот од 3,5 сантиметри, Гаревски вели дека математички можеби, но не и во реалност според геодетското снимање што го направиле и го споредиле со она кога е правен мостот. Поместување на линијата не е утврдено. Професорот Гаревски смета дека ќе биде потребна санацијата за заштита на мостот од корозија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More