13 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Наскоро пристигнува Huawei MatePad Pro

Најчитани вести

Во моментов, iPad Pro на Apple нема вистинска конкуренција, но изгледа дека тоа наскоро би можело да се промени. Судејќи според се, новиот Huawei MatePad Pro, кој ќе се појави во продажба на 25 ноември, ќе може да му претставува конкуренција на 11-инчниот iPad Pro.

Врз основа на неофицијалните информации што претходно беа објавени во јавноста, новиот таблет на Huawei ќе има поддршка за екстерна тастатура и пенкалце, како што имаат iPad Pro или Samsung Galaxy Tab S6. Но, за разлика од нив, MatePad Pro се очекиува да има punch-hole камера, што секако ќе влијае на впечатокот за посовремен дизајн. Спецификациите на таблетот сè уште не се познати, но со оглед дека во името има „Pro“, се очекува да има високи перформанси.

Остануваат уште десетина дена пред да ги дознаеме сите информации, а потоа ќе знаеме и на кои се пазари ќе се појави MatePad Pro, бидејќи треба да се земат во предвид санкциите на САД, кои сè уште се во сила против оваа кинеска компанија.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести