13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Наскоро пристигнува Black Shark 4 гејминг телефонот

Најчитани вести

Претходно, извршниот директор на Black Shark сугерираше постоење на Black Shark 4 гејминг премиум смартфон, укажувајќи на неговите супериорни перформанси. Набрзо потоа, телефонот се најде на AnTuTu бенчмарк со рекорден резултат од над 788.000 поени.

Сега истиот уред се појави на TENAA листинг, заедно со главните карактеристики. Листингот открива дека Black Shark 4 ќе го задржи 6,67-инчниот дисплеј како неговиот претходник (на фотографијата). Сепак, вкупните димензии изнесуваат 163,83 х 76,35 х 10,3 мм, што значи дека телефонот овојпат ќе биде нешто помал и очигледно ќе има помали рамки околу дисплејот,

Покрај ова, потврдено е дека Black Shark 4 од старт ќе користи Android 11, како и дека ќе го напојува 4500mAh батерија со поддршка за 120W брзо полнење. Телефонот ќе го покренува најновиот Qualcomm Snapdragon 888 чипсет, кој најверојатно ќе биде искомбиниран со најмалку 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести