23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Наскоро пристигнува нов Gmail со Google Chat табови

Најчитани вести

Google минатата година објави дека Gmail во иднина ќе гo спои испраќањето пораки на Chat и Rooms, покрај постоечката услуга Meet за видео повици. Ова досега им беше достапно на деловните корисници, а сега Google им овозможува и на стандардните Gmail сметки да го користат овој „интегриран работен простор“.

Ова спојување е дел од напорите на Google да го направи Gmail ново место за работа од дома. Целта на компанијата е да им овозможи на сите корисници да ја извршуваат целата работа од една страница, без потреба да се префрлаат помеѓу табовите

Gmail сега има четири главни секции: Mail и Meet се тука веќе неколку месеци; Chat е простор за испраќање индивидуални пораки и помеѓу групи; Rooms е неменет за поголеми разговори со споделени фајлови и задачи.

На Android, ова се манифестира како долна лента со четири табови, додека Gmail sidebar на веб е поделен на четири секции. Сè е прикажано стандардно, но може да се скрие. Многу бесплатни сметки на Google веќе можат да го стартуваат новиот Gmail со Chat на Android и на веб. Опцијата сè уште не е достапна за iOS.

За да му се пристапи на сервисот, потребно е да се овозможи Chat „Early Access“ на Android и на веб, како и Google Accounts. Еве како можете тоа да го направите:

Android

Отворете Settings
Притиснете на личниот Gmail профил
Во рамките на General секцијата изберете „Chat (Early Access)”
Кликнете „Try it“

Веб

Посетете го mail.google.com/mail/u/0/#settings/chat
Изберете „Google Chat (Early Access)“ umesto „Classic Hangouts“
Потвредете pop-up прозорец

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести