Новиот народен правобранител Насер Зибери претпладнево даде свечена изјава пред собранискиот спикер, Талат Џафери.
Кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец на последните парламентарни избори, беше избран за наследник на Иџет Мемети на седница на Собранието на 25 јануари.
Мемети беше народен правобранител во земјата во два мандата, односно во изминатите 16 години.