-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет ги отворија своите канцеларии за граѓаните: Избирачкото право не смее да биде повредено

Најчитани вести

Изборните процеси кај нас, како по правило, се проследени со низа опструкции и нарушувања од страна на учесниците во него. Со цел навремено реагирање и отстранување на “ненамерните грешки” Народниот правобранител, денеска, во периодот од 7 до 19 часот кога се одржува првиот круг од локалните избори отвори бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

За граѓаните ќе бидат отворени сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Исто така, покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, појаснуваат од НП.

И Хелсиншкиот комитет за човекови права информираше дека канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право. Изборни нерегуларности можат да ги пријават лично во Канцеларијата, телефонски на броевите 02 3119 073 и 072 278 436, како и преку е-пошта, helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно, информираат од Хелскиншкиот комитет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com