Народната банка на 23 и 24 овој месец ќе биде домаќин на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ ‒ меѓународна рамка за соработка за одржување на финансиската стабилност во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ).
– Ова е еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, на кој сите релевантни чинители, меѓународните финансиски институции, европските финансиски институции, регулаторите и претставниците на приватниот финансиски сектор разговараат за идните насоки во политиките поврзани со банкарскиот сектор, но и за поопшти макроекономски прашања, информираат од Народната банка.
На форумот во Скопје најавени се гувернери на централните банки од ЦИЈЕ и претставници на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската централна банка и Европската комисија и од банкарскиот сектор.