20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење

Најчитани вести

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење.

Со Поимникот, како што информира Банката, е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност.

-Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски услуги и е посвесно за ризиците. Овој вид едукација, во крајна линија, обезбедува поголема вклученост на населението во финансиските текови и олеснет пристап до финансии. Токму затоа, се преземаат низа активности за подобрување на финансиската писменост. На иницијатива на Народната банка, заедно со останатите финансиски регулатори, минатата година беше изработена и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Народната банка презема повеќе тековни активности, како организација на предавања, анкети, изработка на едукативни материјали, со цел организирано и системско подобрување во овој сегмент, наведува Банката.

Поимникот е достапен на https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com