18 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Народен лек против настинка и воспаление на грлото: Чај со лук и нане

Најчитани вести

Две совршени намирници ќе ја олеснат вашата борба со вирусите и бактериите и ќе спречат развој на болести.

Лукот има силни антибактериски и антивоспалителни својства, а нането ги отвора дишните патишта и ја олеснува кашлицата, па овие две состојки во комбинација се моќен борец против настинките и бактериските инфекции во грлото.

Потребно е:

– 3 дл вода

– 3 чешниња лук

– кесичка чај од нане или уште подобро неколку листови свежо нане

– мед

– лимон

Подготовка:

1. Изгмечете го лукот и ставете го во шолја да отстои 10 минути со цел сите здрави нешта во него да се активираат.

2. Ставете вода да зоврие

3. Во шолјата со лук ставете и кесичка чај од нане или свежи литови, па прелијте ги со врелата вода и оставете да отсои 5 минути.

4. Процедете го чајот, додадете во него лажичка мед и малку лимон.

Испијте го чајот додека уште е топол.

Совет плус: Доколку сакате да го подобрите дејството на овие лековити намирници и да го дезинфицирате воспаленото грло, немојте да го фрлате искористениот лук и нане (доколку сте користеле свежи листови), туку бавно џвакајте ги две минути, а потоа голтнете ги.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести