20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Наркобос убиен во центарот на Тирана

Најчитани вести

Утрово во центарот на Тирана бил убиен 66-годишен маж, за кого тамошните медиуми пишуваат дека бил познат наркобос.

Тој бил убиен со огнено оружје со придушувач, а како што пренесува „ABC Albania“, станува збор за Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата по своите криминални активности.

Тој пред неколку години бил уапсен за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија, a бил инволвиран и во инцидент во Драч во 2009 година, во кој биле убиени четворица полицајци.

Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што се случило убиството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com