37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Наредните два натпревари се клучни за Андреа Пирло

Најчитани вести

Наредните два натпревари ќе ја одредат судбината на Андреа Пирло на клупата на Јувентус, тврдат италијанските медиуми.

Јувентус не игра добро оваа сезона, испадна од Лигата на шампионите, речиси и да нема шанси да ја одбрани титулата во Серија, а шанса да освои трофеј има во Купот на Италија.

Јувентус, по репрезентативната пауза, го очекува градското дерби со Торини и дуелот со Наполи.

„Газета дело Спорт“, тврди дека наредните 180 минути ќе ја одредат судбината на Пирло. Според овој извор, иако Павел Недвед тврди дека Пирло е сигурен на своето место и за наредната сезона, тренерот во случај на кикс ќе добие отказ.

Доколку се случи тоа, Јувентус до крајот на сезоната ќе го предводи неговиот помошник Игор Тудор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести