15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

„Напредни лозари” со предлози и барања до министерот Хоџа за подобрување на условите во лозарството

Најчитани вести

Формирање фонд за исплата на грозјето од околу 30 милиони евра, информации за откупната цена на винските сорти најдоцна до крајот на јуни тековната година и обезбедување алтернативен извоз ако цените се ниски, враќање на персоналниот данок на регистрираните земјоделци најдоцна до јуни наредната година, исплаќање на заостанатите субвенции во најбрз можен рок, исплата на редовните субвенции за одржување на лозовите насади до „Свети Трифун”, 14 февруари и параралено реализирање на дополнителната поддршка.

Ова се само дел од барањата на регионалното здружение „Напредни лозари” од Кавадарци, упатени директно до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Според Здружението, цените на грозјето се ниски, а причините за тоа се непазарно работење и затвореност на пазарот. Винариите се договараат за откупната цена и ја објавуваат во последен момент, кога лозарите веќе мора да го берат грозјето.

Дополнителен проблем, додава „Напредни лозари”, и натаму е вишокот грозје за кој преработувачите не се заинтерсирани зашто им оди во прилог, ја снижува откупната цена, а може да се реши веднаш, со преработка во дестилат.

Наспроти ваквата ситуација во лозарството, не работат и двата големи капацитета – винариите Кокино и Џумајлија, со капацитет од 32.000.000 килограми, укажува здружението.

-Кога има вишок грозје доаѓа до намалување на цената, а тоа доведува до неекономично работење на лозарите. Нивните долгогодишни насади во кои многу инвестирале се осудени на пропаст. Кога има вишоци, предлагаме државата да изврши интервентен откуп, но да не им направи конкуренција на винариите во делот на наливното вино, туку тој вишок да го направи дестилат. Нема да ја чини многу, а со неговата продажба ќе оствари и заработувачка. Дестилатот не е како виното, со рок на траење и скапо одржување, туку има неограничен рок и лесно се чува и продава, велат од здружението.

„Напредни лозари” обвинува дека државата сака грозјето да се преработи дома зашто од тоа има интерес и субвенционирањето го врзува со предадено грозје во домашните винарии.

-Извозот на грозје е во неповолна положба во однос на домашните винарии. Домашните винарии ја злоупотребуваат подршката на државата, а тоа оди на штета на лозарите. Доказ за ова е што цената на грозјето во соседните држави е двојно повисока и тоа за послаб квалитет, коментираат од „Напредни лозари”.

Во врска со барањето да се формира фонд само за исплата на предадените количини, здружението објаснува дека има проблем во договарањето помеѓу винариите и лозарите. Фондот, објаснуваат од здружението, не би бил посебна институција, туку би го управувала Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).

-Во член 55 од Уставот стои пазарно договарање. Но, има проблем во договарањето меѓу винариите и лозарите. Винариите се многу моќни и ги наметнуваат нивните интереси, секогаш меѓусебно однапред договорени на штета на лозарите. Државата треба да го регулира ова. Паметна, одржлива мерка е формирање фонд за исплата на грозје. Тоа не значи формирање нова институција зашто фондот нема да биде институција. Институцијата ја имаме, тоа е МБПР. Таа треба да го менаџира фондот. Фондот би требало да биде околу 30 милиони евра. Државата треба да наложи, ако винарската визба сака да откупува грозје, мора да склучи договор со фондот. Винариите склучуваат договор со фондот, а фондот им издава лиценца за откуп на грозје, но истовремено винариите треба да остават гаранција (хипотека) во фондот, истакнуваат од Здружението и додаваат дека целта е исплатата на преземените количини грозје да биде веднаш по продажбата.

Лозарите бараат и редовно информирање од страна на Министерството за земјоделство, да добиваат навремени податоци поврзани со лозарството не само, како што велат, за подобро одгледување на оваа култура, туку и за планирање на производството.

-Лозарите немаат доволно информации за да можат да планираат за во иднина. Сакаат да знаат колку грозје од одредена сорта има и колку се бара од винариите. Сакаат да добиваат податоци за планирани количини за преработка на винско грозје по сорти во тековната година од винариите и трговците, стои во писмениот документ на „Напредни лозари”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести