-2 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

„Направи Selfie со твојата омилена книга” – кампања на НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола

Најчитани вести

 Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга”. 

Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката.

– Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Нашата желба е низ фотографија да ги откриеме омилените места за читање на секој читател во текот на денот, како изгледа дружењето со книгата која во моментот се чита, како и други интересни моменти и навики кои преку фотографија треба да се испраќаат на е-адреса на библиотеката nuub.bitola@gmail.com. Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на веб страницата на библиотеката, а авторите бесплатно ќе добијат едногодишна членарина, посочуваат од НУУБ „Св.Климент Охридски”-Битола

Во текот на празничните денови, секторот за изнајмување книги на читателите им помага во изборот на книга за читање, кој како пракса е општоприфатлив за членовите.

– Секоја книга има своја приказна, а ние на читателите им ги предожуваме Чарлс Дикенс и неговата „Штурец на огништето”, петта од неговите познати т.н. Божиќни книги, топла бајка за домашното огниште, со идилична слика за семејната љубов и соседското пријателство, со добра композиција и вешт расплет. Потоа книгата „Се започна со бакнеж” од Миранда Дикинсон или „Нека снежи” од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл, книга за најстрашната виулица во последните педесет години, препорачуваат од библиотеката.

Од информациите што ги добивме, дознаваме дека битолчани во овој период покажале интерес и за делата „Сфинга на гневот” од Жарко Кујунџиски, „Повикот на кукавицата” од Роберт Галбрајт, „Свекрва” од Сели Хепворд и многу други наслови.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести