37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Направенa RAM меморија од 512 GB: Двојно побрза, а троши помалку сила

Најчитани вести

Корејскиот гигант Samsung направи RAM меморија од дури 512 GB, што е прва меморија во светот со простор за толкава количина податоци.

Покрај тоа, Samsung ја произведе да работи на повеќе од двојно поголема брзина од стандардните најбрзи RAM мемории на пазарот.

Ова е овозможено благодарение на технологијата на Samsung за склопување мемориски чипови едни врз други, со користење на понапредни и издржливи материјали.

Оваа меморија користи околу 13 проценти помалку енергија, што ќе биде значајно таму каде што е наменета да се користи – во центрите за податоци.

Иако очите на гејмерите и другите професионалци чија работа бара голема компјутерска сила се широко отворени додека ги читаат овие редови, овие мемории нема да се најдат во нашите домашни машини.

Главната причина за ова е што најголем број од компјутерите имаат ограничување за RAM меморија, што е многу помало, а тоа во зависност од компјутерот, изнесува околу 64GB или 128GB.

Исто така, овие модули се дизајнирани да бидат користат во медицинско истражување, финансиски пазар или автономно возење.

Првите процесори што можат да ја користат оваа меморија се процесорите од последната генерација на Intel, кои ќе се појават во втората половина на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести