13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Направен е вештачки мозок кој се развива како човек!

Најчитани вести

Истражувачи од Лос Анџелес спроведоа широка генетска анализа на таканаречените „органоиди“, што им овозможи да се развиваат и растат во лабораториски услови до 20 месеци.

Откриле дека вештачкиот мозок расте во фази што се совпаѓаат со развојот на мозокот кај бебињата. Истражувањата сугерираат дека вештачки органели на мозокот може да се развијат надвор од феталната фаза, спротивно на претходните претпоставки.

Со оглед на ова откритие, органоидите може да созреат до степен до кој можат да се користат за истражување на мозочни заболувања кај возрасни, како што е деменцијата. Тие се создадени со употреба на т.н. индуцирани плурипотентни матични клетки, од кои можат да се развијат многу други видови клетки.

Матичните клетки што ги користеле научниците се добиени од кожни и крвни клетки и биле репрограмирани за да се вратат во ембрионална состојба.

Кога клетките се изложени на соодветни хемикалии и услови, тие се развиваат во мозочни клетки и се самоорганизираат за да произведат тродимензионални структури кои се верна реплика на одредени аспекти на развојот на вистинскиот човечки мозок, пренесува порталот Кликс.

Научниците веќе користат органоиди на човечкиот мозок за да ги проучат невролошките нарушувања, вклучувајќи аутизам, епилепсија и шизофренија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести