24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Наполи се договорил со Фенербахче, сега преговара со Елмас

Најчитани вести

Италијанските медиуми тврдат дека Елиф Елмас уште денеска би можел да стане играч на Наполи.

Како што и претходно објавивме, Наполи и Фенербахче денеска преговараат за трансфер на Елиф Елмас.

Дел од италијанските медиуми тврдат дека зделката би можела да биде склучена и денеска откако двата клуба постигнале договор.

Претставниците на Елмас и Наполи, подоцна во денот треба да ги имаат клучните разговори по што ќе се знае дали македонскиот репрезентативец ќе се пресели во Италија.

Елмас добил дозвола од Фенербахче да преговара со Наполи откако двата клуба претходно постигнале договор за трансфер од 15 милиони евра плус бонуси.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести