Бразилскиот интернационалец Натан е нов фудбалер на Наполи. Италијанскиот шампион ќе плати 10 милиони обештетување за 22-годишниот стопер, кој доаѓа од редовите на Ред Бул Брагантино.
Натан е замена за Ким Мин Јае, кој по само една сезона во редовите на Наполи замина во Баерн Минхен, кој ја плати неговата откупна клаузула од 50 милиони евра.
Италијанскиот шампион е релативно мирен на трансфер-пазарот ова лето, па Натан е првото нови име во тимот покрај новиот тренер Руди Гарсија, кој го наследи Лучијано Спалети.