Наполитанците изгубија 3-1 во Верона, но мечот ќе се памети по нивното водство по само 9 секунди од почетокот. Федерико Димарко направи грешка, па Мексиканецот Лозано го отвори резултатот.
Ова е најбрзиот гол во клупската историја на Наполи, но не и во Серија А. Минатиот месец Рафаел Леао од Милан погоди после само 6 секунди против Сасуоло и тоа е најбр гол во историјата на италијанскиот фудбал.
Наполи поведе но на крај изгуби 3-1 од Верона. Елиф Елмас влезе во 83′ минута од мечот наместо Зјелински.