6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Напнато во Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Најчитани вести

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски „провокативен“ настап во источниот Медитеран, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според грчкиот весник, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во состојба на готовност за да се спречи евентуална ескалација во источниот Медитеран.

Весникот додава дека клучното прашање во Атина е како да реагира доколку Турција спроведе истражувања, според грчките официјални лица, во грчкиот континентален појас.

„Плановите првенствено се засноваат на маневрите на грчката морнарица, бидејќи Турција ги користи истражувачките бродови за да го утврди своето присуство во регионот, но грчката авијација ќе игра улога во секој одговор”, пишува грчкиот весник.

Запрашан минатата недела дали Грција може да смета на поддршката на ЕУ или на САД во случај на инцидент, грчкиот министер за одбрана, Евангелос Апостолакис, рече дека нема такво ветување и дека ако треба да реагираат, очекуваат дека ќе бидат сами.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести