Додека се уште се свежи сеќавањата со инцидентот на Кристиан Ериксен, нова непријатна сцена го потресе фудбалскиот свет.
Фудбалерот на Сасуоло на позајмица во Аланија, Кума Бабакар доживеа срцев удар за време на вчерашниот тренинг.
Се за ЕУРО 2021 на едно место, домаќини, групи, распоред, најава, анализа, очекувања, предлог типови, ковид протоколи, правила, рестрикции
Сенегалскиот напаѓач се срушил на теренот, но за среќа медицинскиот тим реагираше брзо и му го спаси животот.
Тој беше пренесен во болница, од каде што веќе објави дека се опоравува, откако му беше дијагностициран срцев удар.
Според првичните резултати, кај Бабакар се работело за грч во срцевиот мускул, нешто што не е толку страшно, па фудбалерот за среќа не е во животна опасност.