21.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

Напаѓачот во училиштето во Тексас го објавил масакрот половина час пред тоа

Најчитани вести

Напаѓачот што уби 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас половина час пред нападот објавил на социјалните мрежи дека ќе го стори тоа, изјави гувернерот на таа американска сојузна држава Грег Абот.

Абот рекол дека напаѓачот, 18-годишниот Салвадор Рамос, кога полицијата го уби, употребил полуавтоматска пушка во завчерашниот напад на основното училиште „Роб“ во градот Јувалде, во кој се повредени 17 лица.

Околу 30 минути пред нападот, Рамос објавил три пораки на социјалните мрежи, во кои напишал дека ќе пука во својата баба, дека застрелал жена и дека ќе нападне основно училиште, рече Абот.

Полицијата сѐ уште го нема соопштено мотивот за нападот.

Абот рече дека Рамос немал никакво полициско досие, ниту евидентирано ментално заболување.

Сите убиени ученици биле во иста училница и биле во четврто одделение.

Рамос, кој купил две полуавтоматски пушки неколку дена пред нападот, ја заклучил вратата од училницата и почнал да пука во децата и наставниците што биле во неа, соопшти полицијата.

Полицијата набрзо упаднала во училницата и го убила напаѓачот, додека другите ги кршеле прозорците за да можат учениците и наставниците да избегаат.

Вчерашниот напад во Јувалде, град со 16.000 жители, е најсмртоносниот оружен напад врз училиште во САД од декември 2012 година.

Вооружен напаѓач тогаш уби 20 деца и шест возрасни во основно училиште во Њутаун, Конектикат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com