14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Напад со лак и стрела во Норвешка – петмина мртви и двајца ранети

Најчитани вести

Напаѓач со лак и стрела уби најмалку пет и рани две лица во градот Конгсберг на југот од Норвешка, којшто е оддалечен околу 100 километри од главниот град Осло.

Портпаролот на новершката полиција потврди дека осомничениот е фатен и дека ситуацијата е под контрола. Нападот се случил вчера околу 18.30 часот по локално време, кога напаѓачот почнал да стрела во супермаркет во западниот дел од градот, по што продолжил да напаѓа и на други локации низ градот.

Од полицијата касно вечерва потврдија дека меѓу повредените има еден полицаец кој не бил на должност, но му се спротивставил на напаѓачот.

Првично имало проблем да се фати напаѓачот, првиот обид бил неуспешен, а полицијата морала да испука неколку куршуми како предупредување. Сепак напаѓачот набргу бил фатен.

И покрај тоа што мотивот се уште не е познат, нападот се истражува како терористички.

По нападот, на норвешките полицајци ширум земјата им е наложено да носат оружје бидејќи воглавно тие не се наоружани, но имаат пристап до вооружување кога тоа е неопходно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com