Home » Напади врз Киев и Одеса

Напади врз Киев и Одеса

by Журнал.мк

Уште една ноќ во страв за Украинците. Инфраструктурни објекти во Одеса, погодени од руски ракети. Оштетени и неколку станбени згради. Киев нападнат со беспилотни летала. Противвоздушната одбрана ги одбила нападите.

Две илјади луѓе се евакуирани на Крим поради пожар на воен полигон. Автопатот кој ги поврзува пристаништето Керч во Азовско море и градот Севастопол се затворени. Украинското воено разузнавање ја презеде одговорноста за експлозијата која следува неколку дена по нападот на кримскиот мост.

„Решив да ги евакуирам луѓето од четири населени места. Амбулантни возила се дежурни во секое населено место, вклучително и центрите за привремено сместување. Досега нема жртви“, изјави Сергеј Аксјонов, началник на Крим“, изјави Сергеј Аксјонов, началник на Крим.

Светот мора да ги ограничи трговските односи со терористичката држава, вели Зеленски. САД и Киев разгледуваат продолжување на договорот за извоз на жито, без учество на Русија.

„Од наша страна, развиваме опции за акции и договори за да ја зачуваме глобалната улога на Украина како гарант за безбедноста на храната, нашиот морски пристап до светскиот пазар и работни места за Украинците во пристаништата и земјоделската индустрија. Се бориме за светската безбедност и за нашиот украински земјоделец“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Меѓународната заедница со апел до Русија да не ја користи храната како оружје и да ја повлече одлуката.

„Русија продолжува да ја користи храната како оружје, но сега ударот не е само врз народот на Украина. Засегнати се глобалното снабдување со храна и ценитеЈа повикуваме владата на Русија да ја повлече својата одлука и веднаш да ја спроведе иницијативата за извоз на жито. Исто така, бараме да престане со нападите врз инфраструктурата, клучна за глобалната безбедност на храната“, порача портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Од Москва велат дека Обединетите нации имаат уште три месеци да постигнат конкретни резултати за Кремљ да се врати на дискусијата за ова прашање.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More