21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Намирници совршени за вашата крвна слика, a со нив никогаш нема да имате недостаток на железо во организмот

Најчитани вести

Недостатокот на железото во крвта не е ретка појава, но истата може да предизвика проблеми во организмот.

Како последица на недостаток на железо во организмот, најчесто настанува анемијата. Овој елемент во телото може да се внесе преку додатоци во исхраната, но и преку консумирање храна која што е богата со него.

Анемијата може да настане поради недоволно внесување железо во организмот.

Иако состојбата на анемијата е честа, многу од луѓето не знаат дека имаат недостаток на железо во организмот.

Можно е симптомите да ги имаат со години, а да не се свесни за својата здравствена состојба.

Најчести симптоми кои се јавуваат како последица на анемија се:

општ умор;
слабост;
бледа кожа;
краток здив;
вртоглавица;
ладни дланки и стапала без оглед на температурата;
брзо или неправилно чукање на срцето;
кршливи нокти;
главоболки.

Анемијата може да се појави и кај мажите и кај жените во било која доба од животот.

Некои луѓе имаат поголем ризик од недостаток на железо од другите, вклучувајќи ги и бремените жени, луѓето кои што се хранат лошо, оние кои што често даруваат крв, веганите и вегетаријанците.

Железо во храната

За да ја надополните количината железо во крвта, потребно е да ја регулирате исхраната и да промените некои ваши животни навики.

Внесот може видливо да го зголемите со само два оброци дневно кои се полни со железо.

Железото од храната најдобро се апсорбира од масни извори, а кога се консумира преку немасни извори како што се овошјето и зеленчукот треба да го комбинирате со намирници кои содржат витамин Ц.

Исхраната која вклучува железо е следна:

црвено месо;
лосос и школки;
жолчка од јајце;
мешункасти растенија (грав, грашок);
спанаќ;
компир, домат, репка;
сок од сливи;
цитруси;
лубеница.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести