-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Намирници кои никогаш не треба да го ставате во своето смути

Најчитани вести

Еве неколку намирници кои нутриционистите никогаш не би ги ставиле во своето смути.

Зошто?

Затоа што го претвораат во вистинска шеќерна бомба. Дознајте кои се намирниците кои експертите за исхрана ги означија како изразено непосакувани:

Овошен јогурт

„Толку многу скриени шеќери има во овошните јогурти, што кај некои изнесува околу 26 грама по чашка, а притоа не се доволно хранливи“, предупредува Сара Хас, гласноговорничката на Академијата за исхрана и диететика. Наместо нив, користете павлака и секогаш внимателно читајте ја декларацијата на производот. Ако пишува дека производот содржи додадени шеќери, немојте да го ставате во смутито.

Протеин во прав

„Претпочитам да додадам некој друг извор на протеини, како што се јогурт, посно сирење, тофу или путер од бадеми. Ако веќе користите протеин во прав, тогаш внимавајте барем да нема дополнителни шеќери, или, пак, да максимум 20 до 30 грама протеин по доза. За жените е препорачливо да внесуваат 46 грама протеини на ден, а сигурно во текот на денот ќе каснете и нешто друго освен смутито”, вели нутриционистката Вандана Шет.

Овошен сок

„Доколку ставите овошен сок во смутито, ниту ќе му даде вкус, ниту пак, ќе ја зголеми хранливата вредност. Всушност, ќе додадете само шеќери и калории. Наместо сокови, попрво искористете свежо овошје, како што се шумските плодови, крушките или јаболката, а можете да вметнете и зелен лиснат зеленчук”, објаснува Шет.

Суво овошје

„Бидејќи сувото овошје не заситува исто како свежото, ќе бидете принудени да додадете повеќе за да се најадете.“, вели нутриционистката Анџела Џин-Медоу. „Покрај тоа, сувото овошје е полно со шеќери. Само третина шолја сува брусница содржи 26 грама шеќер. За да ја постигнете потребната текстура, а и подобар вкус на вашето смути, користете свежо овошје и зеленчук.“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com