15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Најчитани вести

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмината поранешни припадници на единицата „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата за случајот „Тортура“, но наместо пресуда, судијката истакна дека е неопходно предметот повторно да се преотвори.

„Едногласно одлучивме дека е неопходно и целисходно постапката да се преотвори“, истакна судијката Александра Ристоска, на изненадување на присутната јавност.

Таа додаде дека во целост не е јасно кој од обвинетите какво дело презел и со колкав интензитет и обем го презел, поради што неопходно било повторно отворање на постапката, поради што закажа рочиште за 8 јули.

„Во моментов постои фактичка пречка за донесување на мериторна одлука од судскиот совет. Советот смета дека е целисходно и неопходно да се реотвори главната расправа заради разјаснување на овие факти. Расправањето за овие прашања ќе биде во најкраток временски интервал. Главната расправа е закажана за 8 јули. Наредното рочиште е на 14 јули во 10 часот“, рече судијката.

Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ беа бвинети за мачење и тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Денешната пресуда требаше да е четврта по ред за Мијалков. Тој е осуден за случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, а за „Трезор“ е осуден на осум години затвор.

Мијалков во 2019 година беше осуден на три години затвор и во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, но Апелација го врати судењето на почеток поради суштински повреди во постапката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести