Home » Наместо во Скопје, средбата Вучиќ – Курти ќе се одржи во Охрид

Наместо во Скопје, средбата Вучиќ – Курти ќе се одржи во Охрид

by Журнал.мк

Не Скопје, како што се очекуваше, туку Охрид ќе биде домаќин на новата рунда преговори Вучиќ – Курти под покровителство на Европската Унија.

Веста на Твитер ја соопшти специјалниот пратеник во дијалогот, Мирослав Лајчак по средбата со Вицепремиерот Маричиќ.

-Благодарен сум ѝ на Македонија за силната поддршка на дијалогот и со нетрпение го очекувам следниот состанок во Охрид подоцна месецов, напиша Лајчак, без да прецизира дали станува збор за 18-ти март.

Српските граѓани за српска „Нова“ со поделени мислења дали и кој во моментов има предност на преговарачка маса.

Дали резултатот е на страната на Србија?

-Се надевам, но мислам дека не е. , вели жителка на Белград за „Нова РС“.

-Сигурно не е на страната на Србија, убеден сум, вели жител на Белград.

-Не знам, но сигурна сум дека Вучиќ никогаш нема да ја предаде ни Србија, ни Косово. , вели жителка на Белград за „Нова РС“

-Нашиот претседател нема да потпише. , вели жител на Белград.

Косовскиот премиер Курти, пак, во меѓувреме го обвини Вучиќ дека веќе го прекришил членот 4 од европскиот предлог, со изјавата дека нема да прифати влез на Косово во Обединетите Нации. Европратеникот од Хрватска, Тонино Пицула, за „N1“ оцени дека на повидок е решение на најголемиот политичи балкански спор, кој треба да доведе кон меѓусебно признавање.

-Ќе му биде тешко (на Вучиќ) преку ноќ да ѝ го „продаде“ овој договор на домашната јавност. Сигурно ќе има оспорување и од политичка и правна страна, но ми се чини дека тоа е пат без враќање. Како и Вучиќ, така и Курти ќе треба да ја „прескокне“ сопствената политичка сенка, зашто тој политичката кариера ја градеше на остро противење на преговорите. , изјави за ТВ „N1“, Тонино Пицула, европратеник од Хрватска.

На последната средба во Брисел и Вучиќ и Курти, како што соопшти Европската Унија, начелно го прифатиле предлогот од 11 точки и во моментов фокусот е ставен на начините на негово имплементирање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk