8.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Наместо во Манчестер јунајтед, Дибала ќе заврши во најголемиот ривал на Јувентус?

Најчитани вести

Според „Кориере дело Спорт“, Пауло Дибала нема намера да прифати трансфер во Манчестер јунајтед, големи се шансите тој да заврши во Интер.

Неколку италијански медиуми пишуваат дека Дибала нема намера да се пресели во Манчестер јунајтед како замена за Ромелу Лукаку иако двата клуба веќе се договорија.

Аргентинецот намерно бара плата која Манчестер јунајтед не може да му ја даде.

„Кориере дело Спорт“ со насловна страна објавува дека Интер ќе ја искористи ситуацијата и гневот на Дибала кон Јувентус и ќе го донесе во своите редови.

Ова не е нов интерес на нероазурите, директорот на Интер, Бепе Марота е човекот кој го донесе Дибала од Палермо во Јувентус па има многу добар однос со фудбалерот.

Интер смета тоа што Јувентус им го краде Лукаку за кој тие беа заинтересирани е директна навреда кон нив, па ќе проба да се одмазди со Дибала.

Ако Дибала притисне за трансфер во Интер, тогаш можеби Јувентус би го посакал Икарди во обратен правец.

Јувентус и Интер се најголемите ривали во Италија.

Најнови вести