12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Намалете го ризикот од кардиоваскуларни заболувања: Овие 5 намирници се најмоќните сојузници во борба со хипертензијата

Најчитани вести

Во светот, од хипертензија страдаат повеќе од милијарда лица. Високиот крвен притисок се лекува со различни лекови, но можете да го регулирате и со промена на начинот на живот, а пред сè преку навиките во исхраната.

Следните 5 намирници се пријатели на вашето срце и би требало редовно да ги консумирате, без разлика дали имате проблеми со висок крвен притисок или сте здрави, а сакате да го намалите ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

Цитруси

Лимонот, портокалот и другите цитруси се богати со витамини и минерали кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Лимонот посебно се истакнува по ова својство бидејќи содржи флавоноиди. Грејпфрутот е исто така ефикасен во борбата против хипертензија, но не е препорачливо да го консумирате доколку пиете лекови за регулирање на крвен притисок.

Лосос

Истражувањата покажуваат дека омега-3 масните киселини од лососот и другите риби го намалуваат покачениот крвен притисок. Овие киселини се одговорни за регулирање на нивото на оксилипин, соединение одговорно за стеснување на крвните садови.

Семки од тиква

Семките од тиква содржат висока концентрација на хранливи материи неопходни за контрола на нивото на крвниот притисок. Во нив има и голема количина на магнезиум, калиум и аргинини, аминокиселини кои произведуваат азотни оксиди, клучни за намалување на високиот притисок.

Грав и леќа

Потрудете се гравот и леќата што почесто да се наоѓаат на вашата трпеза. Поради високата содржина на магнезиум и калиум, тие се одличен лек против хипертензија, а здрави се и поради големата количина на влакна.

Ф’стаци

Ако сакате нешто да грицкате за ужина, а притоа тоа да биде здраво, изберете ф’стаци. Тие содржат многу хранливи материи кои благотворно делуваат на здравјето на срцето и крвните садови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести