6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Намалете го внесот на сол во текот на зимата – експертите имаат неколку совети

Најчитани вести

Во текот на зимата јадеме повеќе, но не треба да се грижиме за тоа ако сме физички активни. Меѓутоа, треба да го намалиме внесот на сол.

Научниците тврдат дека во текот на зимата треба да внесуваме помалку сол за да избегнеме кардиоваскуларни заболувања. За разлика од летото, во текот на зимата се потиме помалку, а ова го зголемува крвниот притисок. Луѓето со послабо срце имаат тенденција да ја задржуваат непотребната течност во телото, а со ова се зголемува ризикот од стопирање на работата на срцето.

Сепак, има неколку начини како може да си помогнете.

Хранете се поздраво

Првиот чекор до намалување на внесот на сол е да ја ограничите употребата на обработена храна. Чипс, грицки, замрзната храна, брза храна, го зголемуваат внесот на сол во организмот. Оваа храна е посолена за да ѝ се продолжи рокот.

Користете зачини

Наместо сол изберете неколку различни билки и направете зачин – лимон, бибер, лук и босилек.

Ако купувате конзервирана храна, измијте ја пред да ја готвите. Со тоа ќе ја измиете непотребната сол.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести