24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

Најчитани вести

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2021 година е намален за 0,1 процентен поен во однос на ноември 2021 година и изнесува 14,4, а во споредба со декември 2020 година е зголемен за 0,7 процентни поени.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2021, во однос на ноември 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на декември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2021 година изнесува 68,8 отсто од нормалното искористување.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 20,8 отсто, неизвесното економско опкружување со 14,1, недостигот на квалификувана работна сила со 17,5 и недоволната домашна побарувачка со 13,1 отсто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com