0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Намален бројот на работници во индустријата

Најчитани вести

Бројот на работниците во индустријата во мај 2020 во однос на мај 2020 година, е намален за 1,3 отсто, а во првите пет месеци од годинава за 2,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.1 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 %.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com