Home » Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19

by Журнал.мк

Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година.

Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,2 % до 12,5%, просечно 10,2%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=893; 55,7%), а највисока неделна
инциденца е регистрирана во Кавадарци – 204,9/100.000, Делчево – 184,0/100.000 и Битола –
178,3/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела
(28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од
нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група
над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk