Владата уверува – инфлацијата во јули е намалена на 8,4 насто и се работи до крајот на годинава да се сведе на минимум што ќе ја зголеми куповната моќ на граѓаните. Оваа е најновата информација што со јавноста ја споделува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Граѓаните се скептични и анализираат. Некои производи се намалиле, но во глобала – не очекуваат повисок стандард.
Не помагаат ниту лошата производствена година и недостигот на работна рака во домашното земјоделско производство.
Прехранбената индустрија е во исчекување. Велат овој е период без поместувања и на берзите и на светските пазари. Конкретните анализи за прехранбените производи ќе стигнат кон крајот на август. Тоа ќе ја одреди и есента.