18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Намалена видливост поради магла кај Тетово и Штип

Најчитани вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре (30 метри), Штип и Павлешенци (50 метри).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com