13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Намалена видливост на патот кон Попова Шапка и на Стража

Најчитани вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките и наместа влажни коловози на пониските места, информира АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла има до 40 метри на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка и 60 до 80 метри на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март 200 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com