6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Налогот на руската вакцина „спутник 5“ доби ограничување на „Твитер“

Најчитани вести

Социјалната мрежа „Твитер“ го ограничи пристапот до официјалниот налог за промоција на „спутник 5“ – руската вакцина против коронавирусот.

На налогот е издадено предупредување дека пристапот до него е привремено ограничен бидејќи биле забележани „невообичаени активности“, иако корисниците сепак може да пристапат на страницата и да прават кликови, пренесува „Ројтерс“.

„Се обидуваме да ја откриеме причината за блокадата“, се наведува во соопштението на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој управува со нарачките, но и со пласманот на вакцината на странските пазари.

Во соопштението се додава дека Фондот ќе побара од корисниците да пишуваат на „Твитер“ и да побараат налогот да се врати во нормала за да може да ги сподели сите информации поврзани со вакцината.

Сепак, во меѓувреме налогот е одблокиран а во новото известување се наведува дека тој бил привремено заклучен од автоматски филтер за спам, пренесе „Гардијан“.

„Овој налог е вратен и сега е целосно оперативен“, се додава во соопштението.

На самиот твитер налог на „спутник 5“ се наведува дека, според образложението од технолошката компанија, профилот за кратко бил блокиран поради можно нарушување на безбедноста од Вирџинија, САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com