Home » Над 60 проценти од компаниите не можат да најдат стручен кадар за нивните потреби

Над 60 проценти од компаниите не можат да најдат стручен кадар за нивните потреби

by Журнал.мк

Нема кадар по мерка на бизнисот иако според најновите податоци од Државната статистика во Македонија има над 142 илјади невработени. 80 проценти од оние кои со години бараат работа немаат квалификација, а анализите на Стопанската комора покажуваат дека дури 60 отсто од компаниите се соочуваат со недостиг на стручни работници

-Тоа се јавува како парадокс, од една страна немате доволно кадар, а од друга страна имате невработен кадар. Тоа беше причината на која во анкетите ни потенцираа компаниите дека има нераманотежа на она што се бара од страна на компаниите и она што се нуди од образованието. Причина за тоа е што имавм една неусогласена, нерелевантна уписна политика, вели Наташа Јаневска од Стопанска комора.

Од средните училишта бараат Министерството за образование да не наметнува насоки за кои тие немаат ниту просторни, ниту кадровски капацитети, туку уписната политика да се се креира внимателно и долгорочно

-Какви средни училишта или какви профили би отвориле, анализиите да се прават долгорочно, да се почне од основното образование, а несега во март ќе кажаме во тоа училиште ќе има таква паралелка, ание сме направиле анкета и немам заинтересирани ученици, рече Динче Кочевска, ВД директор на СОУ Цар Самоил Ресен.

Од МОН велат дека кампањата што ја организираат со Стопанската комора „Учи паметно, работи стручно“ има за цел да искреира уписна политика која ќе биде по мерка на компаниите. Минатата година во државата се отврени 97 дуални паралеки, а комората работи и на тоа бизнис секторот да ги отвори вратите за практична обука на учениците, кои покрај теоретско знаење ќе се стекнат со стручни вештини.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More