Над 50 жртви во пожарите што ги зафатија Хаваите. Уништени се повеќе од илјада објекти. Спасувачките екипи продолжуваат со напорите за евакуација на населението. Туристите го напуштаат Мауи.
„Од сите во хотелите беше побарано да се засолнат. Дали сега луѓето сакаат да останат таму? Не. Сакаат да излезат. Ги замоливме да не го прават тоа затоа што се обидувавме да внесеме возила за итни случаи“, изјави Ричард Бисен, градоначалник на округот Мауи.
Претседателот Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа и одобри декларација за катастрофа, отворајќи го патот за федерална помош.