Home » Над 21.000 загинати, најмалку 78.124 повредени од земјотресот во Турција и во Сирија

Над 21.000 загинати, најмалку 78.124 повредени од земјотресот во Турција и во Сирија

by Журнал.мк

Над 21.000 загинати и најмалку 78.124 повредени е новиот биланс на жртви од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија, соопштија денеска локалните власти.

Спасувачите водат битка со времето за да извлечат преживеани од урнатините, а дополнителна опасност претставуваат ниските зимски температури.

Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, каде живеат околу 13 милиони луѓе.

Можеби до 23 милиони луѓе се погодени, вклучително и пет милиони луѓе од ранливи групи, според Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено поради ширењето на колера во Сирија. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk