27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Над 200 казни за скопските возачи за еден ден

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за некористење сигурносен појас, 49 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести