Над 16 тони цигари и 13 тони тутун запленила царината на граничните премини со Србија и Грција

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Над 16 тони цигари и 13 тони тутун во лист запленила Царинската управа на граничните премини со Србија и Грција кои требало да завршат на македонскиот пазар.

Против шеврцувачите се поднесени кривични пријави, но засега нема информација колку лица ќе одговараат, а случаите ги работат кумановското и гевгелиското обвинителство.

По тврдењата на првиот човек на финансиската полиција Арафат Муареми од пред неколку дена во телевизиско интервју дека увозот на нелегалниот тутун пронајден во акцијата во скопско Љуботен има поврзаност со вработени во Царинската управа, Танаскоски ги отфрла наводите. Нивните досегашни проверки не упатиле на вмешаност.

Обвинувањата за вмешаност беа упатени и на адреса на министерството за економија, но и Крешник Бектеши ги отфрли.

Ова е втора поголема акција против тутунската мафија по заплената на 12 тони тутун во скопско Љуботен, Арачиново и Сингелиќ кога финансиската полиција откри дека македонски фирми увезувале отровен тутун па го препродавале на физички лица кои го дообработувале и продавале, а штетите на државниот буџет беа проценети на над 7 милиони евра. Но и покрај тврдењата на Муареми дека е на трага на балканската тобако мафија, истрагата покажа и слабости во домашниот систем, односно дека фирмите преку кои се вршел шверцот на тутунот ги основале лица со фалсификувани лични документи па затоа тешко им се влегувало во трага.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.