19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Над 1.800.000 вакцини ќе имаме заклучно со март

Најчитани вести

Министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма рече дека без проблеми тече првиот ден на вакцинација во Модуларната болница во Клиничкиот центар, и истакна колку вакцини и од каде очекуваме да пристигнат во следниот период. Имено, меѓудругото, уште еднаш потврди дека вакцините се безбедни и сигурни и не треба да постои скептицизам кај граѓаните.

– Започна процесот утринава во 10 часот, претходеа сериозни подготовки во рамки на вакцинацијата во делот на едукација, примена на вакцината, чување на вакцините по препорака на „Фајзер“, како и регрутација на здравствениот персонал. Очигледно е дека пресметките на опозицијата не им оди. Станува збор за вакцинирање на 300-500 луѓе само во пунктот на Модуларната болница во Кличниот центар и со таа динамика многу брзо ќе стигнеме до бројката од 4.000 вакцинирани здравствени работници. Со тоа, ќе станеме една од ретките земји со комплетно вакциниран здравствен персонал. Самата вакцина може да стои во обичен фрижидер во рок од 5 дена, но сакавме почетокот на да биде централизиран и да биде под контрола. Начинот на кој ги регрутиравме здравствените работници, беше преку писмо до секој директор, по што ги добивме списоците назад, и потоа се изготви распоредот – вели Филипче.

За тоа колку здравствени работници се расположени да ја примат вакцината и дали тоа го подгрева скептицизмот кај граѓаните во однос на квалитетот на вакцините, Филипче вели:

Навистина имавме многу информации и настапи со кои се поткрепуваа антивакциналните тези. Но, голем дел од здравствените работници изразија желба да се вакцинираат. Вакцините се безбедни повторно ќе кажам и изготвени на сигурни платформи. 800.000 дози очекуваме преку Ковакс системот до крајот на март, исто толку очекуваме и од „Фајзер“ со кого сме во последна фаза на договор, а 200.000 знаеме дека се очекуваат од „Синофарм“ на крајот од овој месец“.

Тој рече дека кога ќе почне вакцинацијата на населението ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани на ден.

– Системот за вакцинација потоа ќе се дисперзира низ сите пунктови во државата. Капцитетот е меѓу 2.500 и 4.000 на ден и за кратко време може еден сериозен процент од населението да се вакцинира – вели Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести