7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Над милион слободни работни места во Велика Британија: Се нудат 15 фунти за час, но нема кој да работи

Најчитани вести

Во полињата, во здравствениот сектор, зад воланот на камион: по Брегзит, Британија страда од акутен недостаток на работна сила. Нема кој да жнее, нема кој да вози камиони. Отворените работни места се веќе над милион.

Бербата е во полн ек. Но, Ели Капер, која поседува фарма во Херефордшир, е многу разочарана. Недостатокот на работници во индустријата е околу една третина, а поради недостаток на персонал, плодовите скапуваат, се жали Ели Карпер.

„Полјаци, Романци, Бугари – многу пријателски и вредни работници”

„Објавивме дека бараме 73 работници за прибирање на реколтата. Се пријавија девет лица, но само една жена се уште беше слободна. На крајот, таа почна да работи на друго место“, рече Ели Капер, додавајќи: – Не можевме да ангажираме ниту еден британски работник. Преку посредници сега имаме Полјаци, Романци, Бугари, Руси, Украинци – многу пријателски и вредни сезонски работници. Тие не се толку колку што сакавме, но барем можеме повеќе или помалку да се справиме со собирање на реколтата.

Британската влада издаде дополнителни 30.000 визи за странски работници во овој сектор. Но, според Ели Карпер, тоа е премалку.

„Британски работни места за Британците“ беше еден од паролите што одиграа голема улога во дебатата за Брегзит. Но, реалноста по Брегзит изгледа многу поинаку.

Даниел Браун, кој нуди услуги за перење во хотели во Лондон, исто така се жали на акутен недостаток на работна сила. Браун претходно имаше 60 клиенти, но мораше да ги раскине договорите со некои од нив, бидејќи недостасуваа најмалку 30 вработени. Причината не е во платата – во летните месеци просечната неделна плата се зголеми за над осум отсто во споредба со истиот период минатата година.

„Едноставно не можеме да најдеме персонал.“ Заради брегзит нема доволно луѓе кои се заинтересирани за таква работа. Единствениот хигиеничар во хотел добиваше претходно по околу дете фунти на час, денес нудат по 15 фунти и пак нема заинтересирани.

Во Велика Британија економското закрепнување од пандемијата е побрзо отколку во Германија, но исто така значи и рекорден недостаток на работна сила: повеќе од милион работници беа итно потребни во последните три месеци.

По рекордното зголемување во август бројот на вработени во Британија е веќе над нивото пред пандемијата, достигнувајќи 29,1 милиони во август, а невработеноста падна на 4,6 отсто во август, според британскиот ОНС, при што недостатокот на работна сила го забрза растот на платите.

Недостатокот на возачи на камиони е особено забележлив, бидејќи резултира со сериозни одложувања во голем број сектори.

Здружението на превозници проценува дека во моментов се потребни уште околу 100.000 возачи. И предупредуваат дека доколку проблемот не се реши, цените може да растат, а инфлацијата ќе се зголеми. Затоа индустријата инсистира на специјални визи за странски работници.

-Го жртвувавме добро функционирачкиот економски циклус без добра причина, вели Ели Карпер. Досега, ситуацијата беше профитабилна за двете земји – луѓе дојдоа кај нас, кои потоа ги искористија парите за изградба на куќа во нивната татковина или за образование на своите деца. Меѓутоа, сега, имигрантската политика е водена исклучиво од идеолошки размислувања “. (Дојче Веле)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com