4.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Над илјада украси за главната новогодишна елка во Кремљ

Најчитани вести

Една од главните новогодишни елки во Москва ќе биде декорирана со повеќе од 1.000 украси, а нејзиното украсување ќе биде завршено денес, изјави портпаролката на Секторот за претседателскиот имот, Јелена Крилова.

Бидејќи новогодишната прослава за деца во Кремљ ќе се одржи по јубилеен 20-ти пат, решено е дрвото да биде декорирано со украси од претходните 20 години, пренесува агенцијата „Тасс“.

Елката е поставена на плоштад пред Кремљ, а покрај 1.000 украси, ќе биде разубавена и со сијалички поставени на кабел долг над еден километар.

Дрвото старо 90-години е високо 25 метри и има распон на гранките од шест метри.

Новогодишната прослава за деца во Кремљ ќе се одржи на 25 декември и на неа ќе присуствуваат повеќе од 5.500 деца од цела Русија, како и од Абхазија и Јужна Осетија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com