7.4 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Наде Талевска ослабе до непрепознатливост

Најчитани вести

Најчесто еден од најголемите проблеми на женската популација се вишокот на килограми, па често се жалиме дека имаме плус на килограми и се трудиме да ослабеме со разни диети, третмани, физички активности.

Поп и оперската пејачка Наде Талевска Спасовска во последно време може да се пофали со одличниот изглед и одличната нова линија.

Имено, Наде за „Женски магазин“ откри дека ослабела 20 килограми со помош на хроно исхрана.

„ После 3 бремености, брзо една по друга имав голема трансформација на телото, што е многу нормално и природно. Но, дојде до степен кога почна да ми пречи и морав да превземам нешто околу тоа. Имено, сопругата на еден мој колега започна соработка со една клиника од Скопје која топло ми ја препорача. Таа ме однесе таму, и ми ги најправија сите потребни мерења и тестирања“, раскажува Наде за Женски магазин.

Најде објаснува дека си направила персонализирана хороно исхрана по која се водела долго време

„ Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш , и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“

Наде додава дека нејзиниот сопруг Ненад и е најголема поддршка, па така и било сега кога се одлучила да ослабе.

„ Се разбира дека имаше големо разбирање и огромна љубов кон сите мои промени во изгледот, и никогаш не му пречеа вишокот килограми. Но, сега е горд на мојата истрајност и финалниот резултат. Додуша, сѐ уште не е финален, сѐ уште работам на зацврстување на телото и поубаво оформување. И пресреќна сум што го имам него покрај себе како поддршка и бодрење. Сите мои блиски, семејството, пријателите, соработниците, се воодушевени од мојата трансформација“, вели Наде за „Женски магазин“./skopje24.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести