3.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Нагло опаѓање на бројот на починати лица од коронавирус во САД

Најчитани вести

Соединетите Американски Држави забележаа нагло опаѓање на бројот на смртни случаи од Ковид-19 и зголемување на бројот на вакцинирани.

Околу 45 проценти од населението во САД е целосно вакцинирано, според центарот за контрола и превенција од болести повеќе од 53 проценти од Американците примиле барем една доза на вакцина против коронавирус.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД падна под 300 лица на ден за прв пат од почетокот на пандемијата во таа земја во март 2020 година, додека вакцинацијата ја надмина охрабрувачката граница.

Според центарот за превенција од болести, коронавирусот беше трета водечка причина за смртност во САД во 2020 година, по срцеви заболувања и рак. Сега кога пандемијата забавува, вирусот се најде на списокот на најсмртоносни болести, пишуваат американските медиуми.

Повеќе од 600.000 луѓе починаа од коронавирус во САД, и вкупно скоро 3,9 милиони ширум светот.

Во Њујорк, кој беше во фокусот на коронавирусот во пролетта 2020 година, гувернерот Ендру Куомо рече дека биле регистрирани само 10 смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести