Home » Нагелсман спремен на се откако Баерн испадна од ЛШ

Нагелсман спремен на се откако Баерн испадна од ЛШ

by Журнал.мк

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман смета дека не му е сигурна позицијата во стручниот штаб по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Испаднавме од Купот на Германија. Полуфиналето во Лигата на шампионите секогаш е минималната цел за Баерн. Не знам што ме чека. Сигурно е дека ќе играме со Арминија во Бундеслигата. Не се плашам, има и полоши работи, изјави тренерот на Баерн за „Amazon Prime“.

Баварците синоќа на домашен терен одиграа 1:1 со Виљареал и по поразот (0:1) во Шпанија, доживеаја елиминација во четвртфиналната фаза од елитното фудбалско натпреварување.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More