10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

НАГЕЛСМАН ПО ТРИУМФОТ НАД БАРСЕЛОНА: БАЕРН ИМАШЕ ПРОБЛЕМИ ВО ПРВИТЕ 7-8 МИНУТИ, ПОТОА СЕ АДАПТИРАВМЕ

Најчитани вести

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман даде свое видување за победата од 3:0 над Барселона, синоќа во првото коло во Лигата на шампионите.

-Мислам дека тимот одигра многу добро, ова е клучниот момент. Имавме проблеми во првите 7-8 минути кога не одигравме доволно храбро, но потоа направивме некои приспособувања. Секогаш е одлично да не примите гол. Во овој случај, постојат големи шанси за победа, земајќи ги предвид напаѓачките квалитети на нашиот тим. Неверојатно сум среќен што ги имам Роберт Левандовски и Томас Милер во тимот. Мило ми е што работам со суперѕвезди од светска класа, рече Нагелсман.

Ова беше седма победа за Баерн во десеттиот меѓусебен дуел со каталонскиот тим во Лигата на шампионите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com