Home » Навивач среде натпревар влета на теренот во Скопје за да направи селфи со Елиф Елмас

Навивач среде натпревар влета на теренот во Скопје за да направи селфи со Елиф Елмас

by Журнал.мк

За време на натпреварот Македонија – Гибралтар што се играше вчера, навивач влета на теренот за да направи селфи со Елиф Елмас. Тој помина покрај обезбедувањето, претрча скоро пола терен и стигна до Елмас. Додека пробуваше да се слика, обезбедувањето го фати и го исфрли од теренот.

За потсетување, македонската фудбалска репрезентација го победи Гибралтар 4-0 во Скопје. Ова беше натпревар од четвртото коло од Лигата на нации во јунскиот термин. Во првото коло Македонија играше нерешено со Бугарија, па победи во Гибралтар, а во третото коло дома загуби од Грузија. Следните натпревари од квалификациите ќе се играат во септември.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk